RAW BAR плочката со урма, бадем, чиа и какао е идеалната комбинација за исполнет и енергичен ден. Подготвена со 100% сирови високвалитетни состојки и со минимално процесирање се задржани сите витамини, минерали и макронутриенти во нивната природна вредност.
Секоја состојка е посебно одбрана со цел да се добие одличен вкус, но и балансирана нутритивна вредност.
Урмата е уникатна овошка, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, калиум, магнезиум и фолна киселина. Урмата исто така содржи витамин Б6, кој придонесува кон нормална функција на нервниот систем и лачењето на серотонин.
Бадемот е одличен извор на протеини, омега-3 масни киселини и е еден од најдобрите извори за витаминот Е, кој помага во борбата со слободните радикали и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Надополнет со чиа, која претставува непресушен извор на омега-3 киселини и какао, кој нуди слатко-горчлив вкус и богатство од полифеноли.
Не заборавајте на вашиот Raw Bar во секој момент од денот, без разлика дали сте на работа, на факултет, на одмор или вежбање. Останете здрави и полни со енергија!
Погодни за вегани и лица интолерантни на глутен.
- ВЕГАН/ПОСНО
- Без глутен
- Без додаден шеќер, содржи само природни шеќери
- Без грижа на совест
- Без размислување