Raw Bar со урма, орев и јагода е уникатен микс од 100% сирови состојки со неодолив вкус и арома обезбедувајќи балансиран нутритивен состав.
Поради минималниот технолошки процес на преработка, сите состојки ги содржат нивните специфични нутритиенти и ензими.
Секоја состојка е посебно одбрана со цел да се добие одличен вкус, но и балансирана нутритивна вредност.
Урмата е уникатна овошка, не само поради слаткиот вкус, туку поради и изобилството на нутритиенти. Урмата е посебно богата со железо, калиум, магнезиум и фолна киселина. Урмата исто така содржи витамин Б6, кој придонесува кон нормална функција на нервниот систем и лачењето на серотонин.
Бадемот е одличен извор на протеини, омега-3 масни киселини и е еден од најдобрите извори за витаминот Е, кој помага во борбата со слободните радикали и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Оревот е одличен извор на омега-3 масни киселини, железо, селен, калциум, цинк како и витамините Е и Б.
Овие состојки се надополнети со единствената арома на јагода, која освен што го прави барот вкусен и уникатен.
Raw bar е идеална ужинка за сите возрасни групи, како и лица со посебен режим на исхрана.
Уживајте во богатиот вкус на сировите состојки за здраво и исполнето секојдневие.
- ВЕГАН/ПОСНО
- Без глутен
- Без додаден шеќер, содржи само природни шеќери
- Без грижа на совест
- Без размислување