Предноста на оризовото млеко RiceVita е неговиот нутритивен состав. За разлика од кравјото млеко, не содржи холестерол и заситени масти, не содржи лактоза. Токму затоа се препорачува за лица кои имаат проблем со лактозна интолеранција, за вегетаријанци кои не консумираат производи од животинско потекло, за лица кои практикуваат нискокалорични диети.
RiceVita е вкусен и здрав напиток за секој член од вашето семејство. Децата го сакаат поради лесно прифатливиот оризов вкус, а возрасните поради богатата содржина на хранливи состојки. Оризовите протеини се високо нутритивни, со одличен амино киселински профил.
Не се препорачува како замена за кравјо млеко кај деца до три годишна возраст.