Ние знаеме дека утрата ви се динамични, а денот ви е исполнет со голем број обврски. Истовремено истражувањата покажуваат дека се повеќе се зголемува свесноста за здрави прехранбени навики, а бројот на лица кои размислуваат во насока на менаџирање на внесот на балансирани хранливи материи постојано расте.
Токму во таа насока Виталиа ја разви новата линија на наменски здрави продукти со богат нутритивен профил која го следи трендот и потребите на модерниот човек.
Виталиа Гранола муслите со јаткасто овошје се добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома со мешавина од житни снегулки и јаткасти плодови. Засладени се со кафеав шеќери претставуваат значаен извор на диетални влакна.
Лесни и едноставни за подготовка само додадете 150 мл јогурт или млеко промешајте и Вашите омилени Виталиа мусли се спремни да ги консумирате.
Take away житните оброци на Виталиа се комплетен сет кој се состои од: Специјално дизајнирана пластична чаша со поклопец + Оброк од Виталиа мусли + Лажичка на прекршување (за промешување и консумирање).