Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки на шеќерната трска. Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема. Тоа значи дека во белиот шеќер нема воопшто меласа, односно целосно се одстранети хранливите состојки важни за здрав организам. Со други зборови конзумирајќи бел шеќер внесувате само калории и ништо повеќе. Затоа секогаш кога имате потреба од засладување помислете на сопствениот избор. Наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер од палетата на Виталиа со што ќе добиете не само вкусен туку и здрав оброк.
Темниот Мусковадо е кафеав шеќер со темна медова боја и одличен вкус. Тој им дава дополнителна арома на напитоците, колачите, тортите. Слатките топчиња подготвени со кафеав Мусковадо шеќер имаат неповторлив вкус кој ќе ги воодушеви и најголемите гурмани. Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е можно. Целосното уживање во таа промена зависи само од Вас.
Бидете убедени дека со заменувањето на белиот шеќер со кафеав не само што им нудите поздрава исхрана на своите најблиски туку и можност да се запознаат со нов вкус и арома својствени само за нерафинираниот шеќер.