Карактеристики на производот:
- 100% од растително потекло
- 20g протеин во порција
- Збогатено со витамин Б12
- Без глутен
- Без соја
- Комплетно веган
217.00 ден
Изберете Веган смеса со зеленчук и семиња за да добиете комплетно посна, веган замена во вашите омилени оброци. Посните Веган Смеси се најновото нешто на пазарот, кои ќе ви помогнат на здрав начин да го замените месото во исхраната и да обезбедите внес на доволно количество протеини. Овие смеси се на база на протеин од грашок и зеленчук, не содржат глутен и соја, а се збогатени со витамин Б12.
Истовремено, нивната уникатна формулација содржи највисок процент на комплетни протеини во споредба со слични производи и алтернативи на месо.
Тежина | 180 g |
---|
Карактеристики на производот:
Начин на подготовка: Во подлабок сад истурете ја содржината од ќесата (180g), додадете 300ml топла вода и масло по желба. Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои 10 минути. Формирајте плескавици, топчиња, шницли или трошки по желба. Пригответе во тава со загреано масло (3-4 минути) или печете во рерна околу 15 минути на 200°С. Може да се користи како замена за месо и додаток во готвени оброци (сосови за тестенини, чорби, солени намази, фил за тортиљи..)
Nutrition data | 100g |
---|---|
Calorie value | 1550kJ/369kcal |
Fat | 5.2 g |
Of with saturated | 0.9 g |
Total Carbohydrates | 30.7 g |
Of which sugars | 2 g |
Proteins | 44.5 g |
Salt | 4 g |
ПО ПОРЦИЈА
Растителни Влакна
ПРОТЕИНИ
ЗАСИТЕНИ МАСТИ
Сусамот додава јаткаст вкус и деликатна, скоро невидлива крцкавост на многу производи. Тоа е исто така главна состојка во таанот. Одличен извор на бакар, манган и цинк.
Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.
Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.
Кромидот е нутритивен зеленчук, содржи витамини Ц, Б6, фолна киселина и тиамин како и минералите : манган, фосфор, калиум и цинк. Корисен е против респираторни нарушувања.
Босилекот е билка која припаѓа на минт фамилијата. Се користи за готвење и има специфични здравствени бенефити. Тие вклучуваат: редукција на инфламација, против стареење и антибактериски својства.
Магдонос е богата билка која се користи за медицински цели. Корисен е против уринарни инфекции, камен на бубрегот, гастроинтестинални нарушувања, дијабетес, кашлица, астма и висок притисок.
Немате профил сеуште?
Креирајте Профил