Супата е оброк кој најчесто нè потсетува на убавите домашни моменти, уживајќи во топла чинија мешавина од зеленчуци. Брзото темпо на живот понекогаш може да го одвлече вниманието од здравите и вкусни оброци. Затоа ги создадовме Виталиа супите кои се природен извор на зеленчук, семиња, хималјаска сол и зачини.
Зачинети само со хималајска сол, без натриум глутаминати!
Виталиа супите се направени со низок процент на хималајска сол во споредба со конвенционалните супи, каде имаме вештачки конзерванси, подобрувачи на вкус, ароми и натриум глутаминати.
Хималајската сол влегува во повеќе процеси за правилна работа на човековото тело:
– Регулирање на количината на вода во телото.
– Помага во генерирање на хидроелектрична енергија во клетките од вашето тело.
– Подобрена апсорпција на храна во гастроинтестинален тракт.
– Превенција на грчеви во мускулите.
– Регулирање на сон – природен хипнотик.
– Спречување на проширени вени и испукани капилари
– Воспоставување на правилно кардиоваскуларно здравје.
Безглутенски призвод
Хранливата вредност на Виталиа природните супи доаѓа од единствениот спој на киноа, хељда и просо. Карактеристични по тоа што претставуваат безглутенски семиња кои изобилуваат со високонутритивни хранливи материи во споредба со конвенционалните супи исполнети со тестенини богати со празни калории.
Повеќе од 70% зеленчук во само една чинија топла супа на Виталиа
Внесот на зеленчук во секојдневната исхрана ги одржува нормалните нивоа на растителни влакна, минерали и хлорофил. Светската здравствена организација препорачува внес на 3-4 порции зеленчук дневно. Оброк во кој е вклучена супата придонесува за остварување на овие препораки. Секој зеленчук може да се искористи во супа, од вкусна Виталиа крем супа со домат па се до бистра супа која е мешавина на морков, компир, пашканат и магдонос. Со повеќе зеленчуци споени во една порција до богата хранлива вредност и подобар вкус.
Природен извор на протеин од суперхраната киноа
Виталиа супите изобилуваат со протеини од растително потекло. Изворот на протеини доаѓа од суперхраните киноа, хељда и просо кои се дел од самиот состав. Внесувајќи ги сите макронутритиенти со еден оброк, го заштитуваме и правилно исхрануваме организмот, затоа е потребно секогаш да се запази потеклото и составот на супите кои ги купуваме.
Пријатна арома од сушени зеленчуци која го исполнува домот!
Дали постои подобар мирис од зеленчуци, зачини и семиња споени во топол оброк? Користејќи само сушени зеленчуци без додадени ароми, подобрувачи на мирис. Вкусна супа на трпеза е предзнак за убав и квалитетен ручек исполнет со многу позитивна енергија.
Ниско ниво на масти и многу растителни влакна!
Супите изобилуваат со семиња и зеленчук, познати како продукти кои не содржат заситени и транс масти а во истовреме се одличен извор на растителни влакна. Зеленчуковиот состав го прави овој оброк одличен избор за сите лица кои ги исклучиле транс мастите од својата исхрана.
Знаејќи ги придобивките од само една чинија супа во секојдневното мени, ги создадовме природните супи како пријатна комбинација од разновидни зеленчуци, семиња и зачини. Претставуваат посен производ кој не содржи вештачки ароми. Не содржат натриум глутаминат – вештачки засилувач на вкус и не содржат ГМО.
Виталиа крем супите имаат лесен и брз начин на подготовка. Секое паковање содржи 5 кесички. Потопете една кесичка од супата со 250 ml зовриена вода. Оставете неколку минутки да олади.