Едукативно

СУПЕР КОЛАЧИЊА ВИТАЛИА збогатени со суперхрана

Здрави колачиња? Да, здравите колачиња постојат и имаат одличен вкус. Со цел да водиме здрав животен стил есенцијално е да се консумираат здрави десерти и закуски, покрај другите оброци, за да добиеме комплетен и нутритивен оброк.

Затоа, одберете го најдоброто за себеси и најмилите – Виталиа СУПЕР КОЛАЧИ! Совршено крцкави, со посебно вредни нутритиенти, одличен вкус и текстура во само еден залак. Три извонредни вкусови:

– Заводливиот вкус на чоколадото без додаден шеќер

– Уникатната комбинација на ѓумбир, лимон и куркума

– Традиционалниот вкус на мед и млеко

Зошто се здрави?

  • Не содржат транс масти
  • Не содржат штетни хидрогенизирани масти
  • Не се исполнети со празни калории
  • Немаат бел рафиниран шеќер, кој нема никаква нутритивна вредност

Сите вкусови се формулирани со 100% овесни снегулки, кои се високонутритивна житарица. Богати со јаглехидрати, додаваат дополнителна енергија за одржување на сите секојдневни активности. Изобилуваат со растителни влакна, посебно бета-глукани кои се исклучително корисни за подобрување на дигестијата и макробиотата во дебелото црево, како и за регулација на холестеролот и крвниот притисок. Овесните снегулки се одличен извор на минерали: магнезиум, железо, фосфор, калциум, манган, калиум, цинк; овие минерали учествуваат во важни метаболитички процеси, помагаат во зајакнување на коските, во создавањето на црвени крвни зрнца и за одржување на крвниот притисок.

Збогатени со Б комплекс, супер колачињата со мед и млеко како и со вкус на чоколадо се одличен додаток за подобрување на расположението со зголемено лачење на серотонин како и за регулација на нервниот систем. Чоколадото исто така е богато со флавоноиди, кои се моќни антиоксиданти и помагаат во борбата со слободните радикали.

Функцијата без додаден шеќер ги прави колачињата дополнително нутритивни, овозможувајќи водење на балансирана исхрана.

А сте слушнале ли за суперхрана? Тоа се намирници кои се исклучително богати со нутритиенти и биоактивни компоненти, при што имаат посебни придобивки за одржување на оптимално здравје.

Во секое колаче со мед и млеко уживајте во придобивките од суперхраната амарант, античко зрно богато со железо и протеини.

На секој залак од колачето со чоколадо, добивате омега-3 масни киселини од суперхраната чиа, за превенција од кардиоваскуларни болести. Без додаден шеќер!

Во секој миг од денот, пробајте го колачето со лимон и ѓумбир за да добиете комплетен протеин од „мајката на сите зрна„ – суперхраната киноа.

Богат нутритивен состав распореден во 3 различни производи, Виталиа нуди супер колачиња за секој вкус, желба и потреба.