Новости

„Виталиа“ донираше фукнционални производи за 100 социјално загрозени семејства од Општина Центар

По повод кампањата за борба против гладот, Виталиа се приклучи на иницијативата од Општинската Организација Центар при Црвен Крст на Република Северна Македонија. Компанијата донираше функционални производи од својот асортиман (мусли, сирови барови (Raw Bars и гранола барови ) за 100 социјално загрозени семејства, кои ќе бидат распределени преку мрежата на Црвен Крст.

Оваа ранлива категорија на граѓани секогаш е главен фокус на нашите општествено одговорни активности. Недостатокот на здрава храна која ќе го зајакне имунитетот, особено во овој исклучително тежок период на пандемија, е реален проблем кој го сфаќаме доста сериозно. Нашата цел е преку вакви донации да бидеме дел од активната борба против гладот, како и да го подобриме здравјето и квалитетот на животот на голем број семејства .“– изјавија од Виталиа.

И покрај сите бариери предизвикани од вториот бран на коронавирусот, компанијата продолжува да вложува максимални напори во безбедно производство на здрава храна, со цел таа да биде достапна до широката популација, но и да овозможи поддршка таму каде што е најпотребна.