Новости

Виталиа ги претстави своите производи на PLMA New Product EXPO

Луѓето почнаа да стануваат свесни за важноста на храната во поглед на водењето на здрав и пријатен живот, а се’ почесто сe претпазливи не само во поглед на вкусот и квалитетот, туку и во поглед на компанијата, нејзината одговорна или неодговорна пракса, па дури и самиот корпоративен имиџ на производителот.

PLMA (Private Label Manufacturers Association) секоја година го организира своето International Trade Show, на кое околу 3.500 брендови од светот добиваат шанса да ги претстават нивните производи пред јавноста.

Посебен сегмент од саемот е  New Product Expo, кое ги истакнува иновациите во рецептури и амбалажа на овогодинешните изложувачи. Поделени во 8 категории, повеќе од 500 производи од речиси 400 изложувачи од 42 земји ќе бидат презентирани за да ги видат сите посетители и изложувачи.

Оваа година, пробиотската линија колачи и веганските смеси на Виталиа се дополнително изложени во делот New Product EXPO

Пробиотските колачиња и веганските смеси на Виталиа беа одбрани како дел од овогодинешното издание на New Product EXPO поради нивната иновативна рецептура, состојките кои се употребуваат, како и нивната функција во исхраната – да понудат здрава опција за оброк, без да го жртвуваат вкусот. Тие се нова опција на пазарот и го привлекоа вниманието на PLMA, кој реши да ги изложи помеѓу 600 други изложувачи од сите страни на светот, во делот од саемот резервиран за брендови и компании кои се држат до одговорни работни практики, совесно ги користат суровините и се стремат кон иновација или редефинирање на производите кои ги нуди нивната производна гранка.

Веганските смеси претставуваат вкусна опција за оброк за сите вегетаријанци, вегани, како и за оние кои не сакаат да ја чувствуваат грижата на совест секојпат кога јадат месо. Тие имаат автентичен вкус и мирис на месо, но се направени од растителен протеин и содржат збир на хранливи материи кои ќе ве заситат, без да се чувствувате погрешно за она што го јадете. Пробиотските колачи, пак, веќе станаа популарни кај домашната јавност поради нивната улога во т.н. функционална исхрана, која најчесто ја применуваат спортисти, но се’ почесто за неа се одлучуваат и обичните луѓе со зафатен и активен животен стил. Колачињата PROBIOTIC помагаат за подобра дигестија, го одржуваат внатрешниот баланс и помагаат да се зајакне имунитетот.

Со своите канцеларии во Њујорк и Амстердам, PLMA е најголемата асоцијација од својот вид, посветена исклучиво на промоција на приватна сфера и брендовите кои произвлегуваат од неа. Повеќе од триесет и пет години, Меѓународниот саем на PLMA наречен „World of Private Label“ ги собира трговците на мало, трговците на големо и другите професионалци од приватни компании заедно со производителите за да им помогнат да пронајдат нови производи или инспирација за нив, да воспостават нови контакти и да дојдат до нови идеи кои ќе им помогнат на нивните брендови да растат, да се развиваат и да постигнат успех на пазарот каде што делуваат.