Новости

„Виталиа“ отвори сопствена аналитичка лабораторија

Поседувањето на најстрогите стандарди за квалитет и безбедност на храна налага подлабока и ефикасна контрола примарно на процесите на производство, но и на готовиот производ што се пласира на полиците во супермаркетите.

Свесни за потребата од детална и брза анализа на готовиот производ со цел одржување на квалитетот и безбедноста на истиот, најголемиот производител за здрава храна во регионот – Виталиа- отвори сопствена аналитичка лабораторија.

Лабораторијата беше отворена во април и е сместена во нов, модерно опремен објект со најнова опрема за вршење физичко-хемиски анализи вклучувајќи Елиса – спектофотометар, влагометар – термогравиметриски метод кој овозможува мерење на % на влага во примероци, метода за испитување на глутен – RIDASCREEN® Gliadin (Art. No. R7001) како и инкубатор за микробиолошки анализи.

Оваа година лабораторијата ќе биде акредитирана според стандардот ISO 17025 при што ќе се зголеми бројот на методи  за анализа на сопствените производи  како и можноста да ги дава своите услуги на други компании.

“Нашата цел е со строго контролираните услови и можноста за брзи и прецизни анализи да обезбедиме и испорачаме високо квалитетни производи кои ќе ги задоволат потребите на крајниот потрошувач. Се стремиме да одржиме висок професионализам, флексибилност, доверливост и компетентност во строга согласност со законските и техничките правила и норми.  Нашиот тим вклучува високо мотивирани лица со експертиза за барањата на  стандардот ISO 17025 за лаборатории“

изјавија од компанијата.

Новата лабораторија на „Виталиа“ ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и здрави производи изработени во согласност со најстрогите светски стандарди.

За Виталиа

Виталиа е пионер и лидер во областа на развој и производство на здрава храна во регионот со 30-годишно искуство.

Нејзината специјалност за развој на категориите е потврдена со голем број признанија за нејзините иновации на меѓународни саеми. Годинава компанијата доби признание за развој на 3 нови линии и тоа Probiotic, Veggie Joy Mix & Veggie бисквити линија, кои се „додадена вредност“ во исхраната на современиот потрошувач.

Виталиа е единствениот производител на здрава храна со оценка А од меѓународните BRC\IFS стандарди, што го потврдува врвниот квалитет на производите кои ги нуди до крајниот потрошувач како и потврда за успешна реализација на визијата – Создавање здрава храна за здрави генерации.