Едукативно

Виталиа учествуваше на Светскиот саем за храна во Москва

Нашиот најголем производител на здрава храна – компанијата Виталиа, неодамна се претстави на Светскиот саем за храна кој оваа година се одржа во руската престолнина Москва.

Како дел од националниот штанд на Македонија, кој е кофинансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Виталиа  се претстави со најновата палета на здрави производи од таканаречената “raw” линија, која го задржа вниманието на посетителите, а исто така се презентираа  и “Go Nutri” баровите, протеинска линија, безглутенските производи и многу други.

Производите на Виталиа побудија значителен интерес кај љубителите на здравата храна на подрачјата на руските териотрии, кои се познати како едни од најпребирливите кога се работи за балансот помеѓу здравјето, вкусот и цената на производот.

Со присуството на овој саем, како и со бројните контакти што беа остварени со дистрибутери и трговски ланци од источниот дел на Европа, Виталиа не само што ги зголемува своите потенцијали и конкурентност на руската територија и генерално на подрачјето на Источна Европа, туку и го отвора патот за пласман на своите линии но и на македонските производи во целост во овој дел од Европа. Компанијата и понатаму ќе учествува на светските саеми со цел да биде поблиску до светските трендови и иновации од областа на здравата храна со што ќе се обезбеди и долгорочен развој на компанијата