Безглутенски макарони со зелен песто сос
30
Јун
Состојки (2 порции):
1 пакетче безглутенски макарони – Vitalia
50 g непечени индиски ореви
свеж босилок
2 лажици сусамово масло – Vitalia
1 лажичка зеленчуков зачин Vitalia Vita Spice
1 лажичка лук во прав
1 домат (ситно исечкан).
Начин на подготовка:
Безглутенските макарони најпрвин ги вариме.
За подготовка на сосот во блендер ги ставаме индиските ореви, свежиот босилок, маслото од сусам, зеленчуковиот зачин и лукот во прав. Блендираме неколку минути дури не добиеме густа и хомогена смеса. Потоа ставаме од сосот врз претходно сварените макарони и одозгора додаваме ситно сечкани домати.